Утре (10 август) во Пациото пред Завод и музеј Битола од 18 часот до полноќ ќе се одржува настанот „Вински салон Битола“. Годинава, фестивалот е со мотото „Виното се пие цела година“.
Организаторите „Слоуфуд Македонија“ и „Слоуфуд Битола“ велат дека со овој настан ја продолжуваат мисијата во континуитет да ја поддржуваат винската култура кај нас и да ги едуцираат гостите на фестивалот.
„Винарите од целата земја ќе ги донесат своите најдобри вина, што е убава можност да се истражуваат и да се дегустираат“, велат организаторите.
Настанот се одржува по петти пат, и е во рамките на програмата на Битфест.
Ж. ЗДРАВКОВСКА