ВО 2025 ЌЕ СЕ ПРАВИ МУЗИЧКО ШОУ ЗА МЛАДИ ТАЛЕНТИ СО ПЕСНИ ОД ТОШЕ ПРОЕСКИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ЗОРАН ЉУТКОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ново музичко талент шоу посветено на Тоше Проески е планирано да се направи следната година, најави министерот за култура Зоран Љутков на брифингот со медиумите денеска (20 декември). Љутков кажа дека се планира шоу со песни од Тоше Проески на кое ќе пеат млади музички таленти и така и на помладите генерации повеќе ќе им се доближи музиката на Тоше.

Љутков најави дека на шоуто ќе се пеат песни од Тоше Проески (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Откако вчера беше објавено дека Македонската радио телевизија (МРТВ) ќе снима игран филм, ТВ-серија и документарен филм за Тоше Проески, министерот за култура сега рече дека тој проект ќе се реализира во следниве две години. Владата за сето ова обезбеди буџет од 95 милиони денари (околу 1,5 милиони евра).

„Има интерес од сите национални ТВ-куќи од регионот да се вклучат копродукциски со МРТВ, која е носител на проектот“, рече Љутков.

М. ЏАРОВСКА