ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖА ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА ВО ЧЕСТ НА ДИЏЕЈОТ КИРЕ ЧИПУРОВСКИ-ЧИПУРО

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Во чест на диџејот Кире Чипуровски-Чипуро (фото), кој почина пред две години на 44-годишна возраст, се одржа хуманитарна забава во битолската касарна наречена „Кај авионите“.

На настанот учествуваа бројни битолски диџеи: и охридскиот рок бенд „Бекдор“, во кој членува музичар кој е дел од блиската фамилија на Чипуровски.

Идејата е овај настан да прерасне во традиција. Собраните средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Чипуро беше неодминлив дел од урбаниот живот на Битола и настапуваше во познатите битолски локали.

Ж. ЗДРАВКОВСКА