ВО ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ИЗГОРЕ КУЌАТА НА АКТЕРОТ АДАМ БРОДИ ВРЕДНА 6,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Изгоре куќата на холивудската двојка Адам Броди и Лејтон Мистер во пожарите кои го зафатија Лос Анџелес. Медиумите објавија фотографии од куќата во пламен, каде што покривот е целосно изгорен.

Четириесет и петгодишниот Броди, кој е ѕвезда на серијата на „Нетфликс“, „Никој не го сака ова“ (Nobody Wants This) и 38-годишната актерка, најпозната по серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl), беа едни од ѕвездите на црвениот килим на доделувањето на Златните глобуси на 6 јануари, два дена пред да се разгорат пожарите.

Двојката ја купи куќата во 2019 за 6,5 милиони долари и таму живееше со двете деца.

Пет лица загинаа, а повеќе се повредени во пожарите кои веќе три дена беснеат во округот Лос Анџелес и стигнаа и до Холивуд. Досега е наредена евакуација на околу 100.000 луѓе.

(Фото: Гети)