ВО ВЕЛЕС ПОЧНУВА „ВИНТЕРФЕСТ“ СО КОНЦЕРТИ НА ЃОКО ТАНЕСКИ И ДАНИ ДИМИТРОВСКА

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Од денес попладне (25 декември) до понеделник (30 декември), во Младинскиот парк во Велес ќе се одржува предновогодишниот настан „Винтерфест Велес“. Годинава ќе трае пет дена, еден повеќе од лани, со продолжено време на траење во однос на претходната година, од 16:30 до 22:30 часот.

Организаторот, Општина Велес најавува програма за децата, настапи на диџеи, маскоти, музика, храна, греано вино и ракија.

Меѓу другите, на 27 декември, концерт ќе одржи Ѓоко Танески, а на 28 декември Дани Димитровска. На 29 декември во 13 часот ќе дојде Дедо Мраз на мотор. На 30 декември забавата завршува со концертот на „Д Хаундс“.

Сите денови ќе биде отворен и новогодишниот базар со 20 ракотворци од Велес.

П. ПЕЧКОВ