Поранешниот телохранител на Витни Хјустон откри дека имало моменти кога неговите чувства кон пејачката не биле строго професионални. Поранешниот полицаец Дејвид Робертс, врз кој се базираше филмот „Телохранител“ од 1992 година, зборуваше за времето кога работел за пејачката, која почина од предозирање со дрога во 2012 на 48 години.
Робертс ѝ беше телохранител на Хјустон од 1988 до 1995 година, а на 25 јануари ќе ги објави неговите мемоари „Заштита на Витни“.
Иако инсистираше на тоа дека безбедноста на Хјустон секогаш му била најголемиот приоритет, Робертс (73) рече дека имало една вечер кога таа ја потпрела главата на неговото рамо и „бил во искушение да се откаже од сѐ“ и да ја промени природата на нивниот однос.
„Ако ја преминете таа линија, ја губите вашата професионалност, а тоа е опасно за личноста која ја штитите. Тоа е причината зошто Френк Фармер, ликот на Кевин Костнер во ‘Телохранител’ и Рејчел Марон, ликот на Хјустон, не можеа да биде заедно. Голем дел од она што беше содржано во филмот таа и јас го имаме преживеано“, рече Робертс.