ЗАКАЖАНА ВТОРА ПРЕТСТАВА НА „ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шоуто „Глумците пеат“ закажа и втора претстава, на 30 март од 20 часот во Операта, откако првата претстава на 29 март се распродаде.

Ова издание ќе биде тематско, повеќе како претстава. Ги имаме избрано концептот и песните“, изјави Маја Бабиќ, организаторка на настани и продуцентка.

Режисер на шоуто ќе биде Дејан Пројковски, а ќе свири Биг бендот со кој ќе диригира Љупчо Мирковски. 

Маја Бабиќ е ќерка на актерот Марин Бабиќ, кој ги создаде „Глумците“, а лани со нејзината сестра Ира го вратија шоуто на сцената во негова чест. Марин Бабиќ почина на 16 октомври во 2022 по кусо боледување

Фото: Маја Андоновска-Илијевски и Петар Горко (Фото: О. Ацевски)