Утре (28 декември) од од 12 часот, во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи настанот за деца „Зимска бајка“.
Децата ќе се забавуваат со песните од фестивалите „Златно славејче“ и „Поточиња“, а гости ќе бидат и популарните детски ликови Биби и Боби (фото), а ќе има и маски од „Патролни шепи“.
Музички гости ќе бидат Панчо и Андреј од аренби дуото „ДНК“. Организатор e „Д саунд продукција“, a билетите можат да се купат на kupikarta.com.
Настанот првично требаше да се одржи на 22 декември, но е одложен поради тоа што тој ден во поголемиот дел од Скопје немаше вода.