ЅВЕЗДАТА НА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“ ЛИЛИ КОЛИНС ДОБИ ЌЕРКА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на ТВ-серијата „Емили во Париз“, Лили Колинс, доби ќерка со помош на сурогат мајка. Триесет и петгодишната англиска глумица, која е во брак со филмскиот режисер Чарли Мекдауел, ја објави веста преку Инстаграм.

(Фото: Инстаграм)

„Добредојде за нашиот центар на светот Тоув Џејн Мекдауел! Немаме зборови со кои можеме да им искажеме бескрајна благодарност на нашата сурогат мајка и на сите кои ни помогнаа“, напиша брачната двојка на нивните профили.

Објавата за бебето уследи ден по роденденот на таткото на Лили, славниот музичар Фил Колинс, кој наполни 74 години на 20 јануари.

Колинс и Мекдауел се венчаа во 2021.

(Фото: Гети)