Ерик Дејн, ѕвездата на ТВ-серијата „Вовед во анатомија“, се разведува од актерката Ребека Гејхарт по 14 години брак.
Според судските документи, Гејхарт поднела барање за развод во Лос Анџелес, а како причини се наведени непремостливи разлики. Таа побарала заедничко старателство за нивните две ќерки.
Ерик и Ребека беа во брак 14 години, односно од 2004 година, и ниту еден од нив јавно не коментираше за разводот. Ребека ја извести јавноста со пост на Инстаграм истиот ден кога ги поднела документите за развод.
„Толку многу скршени срца и уништени соништа“, напиша таа.
Ерик Дејн е најпознат по улогата на д-р Марк Слоун во „Вовед во анатомија“, како партнер и пријател на Патрик Демпси. Минатата година, продукцијата на серијата „Последниот брод“, во која игра Дејн, го запре снимањето, за да може тој да се лекува од депресија.