Вал Килмер му се придружи на Том Круз во долгоочекуваното продолжение на „Топ ган“, потврди извор од продукцијата.
Килмер и Круз глумеа главни ривали во големиот хит на Тони Скот од 1986 година и сега повторно ќе се обединат во „Топ ган: Маверик“, што треба да излезе на 12 јули наредната година.
Во продолжението, Пит Маверик Мичел (Круз) е ментор на нова генерација американски пилоти.
Сценариото на Ерик Ворен Сингер, Питер Крег и Џастин Маркс го режира Џозеф Косински.
Килмер, кој го играше Том Ајсмен Казински, претходно возбудено напиша на Инстаграм дека ретко се кажува „да“ за некој филм пред да се прочита сценариото.