МАКЕДОНИЈА НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ГЛАСА ЗА ИМЕТО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Република Северна Македонија е заемно прифатливото решение за спорот за името, на коешто по 27 години преговори се согласија Скопје и Атина, објави премиерот Зоран Заев на вчерашната прес-конференција.

Други клучни точки од договорот се јазикот да остане македонски, а националност македонска, но со забелешка – граѓани на Република Северна Македонија.

Европските лидери го поздравија постигнувањето на договорот, додавајќи дека тоа ги отвора вратите на Македонија за влез во НАТО и за добивање датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија, но последниот збор ќе го имаат граѓаните на Македонија на референдум.

  • Скопје и Атина се согласија за името Република Северна Македонија.
  • Договорот предвидува и македонски јазик без фуснота и македонска националност со забелешка – граѓани на Република Северна Македонија.
  • Според Заев, на овој начин се заштитуваат термините македонски јазик, македонски народ, Македонец и Македонка.
  • Англиската верзија на името би била Republic of North Macedonia.
  • Заев најави одржување референдум по ова прашање наесен.
  • Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан очекуваат Советот на Европа да ја потврди препораката за почнување пристапни преговори во јуни, а со ова се отвораат и вратите за членство во НАТО.
  • ВМРО-ДПМНЕ објави дека не го прифаќа договорот, опишувајќи го како капитулација.