Комбинираната моќ на суперхероите и брендот „Пиксар“ му помогна на филмот „Неверојатните 2“ да стане анимиран филм со најголема заработка во првиот викенд на сите времиња.
„Дизни“ проценува дека филмот заработил 180 милиони долари во првиот викенд во кината во Северна Америка, надминувајќи ги највисоките очекувања на аналитичарите во филмската индустрија, кои проценија дека филмот ќе заработи од 120 до 140 милиони долари.
Претходниот рекорд на анимиран филм го држеше „Барајќи ја Дори“ „од 2016 година, па „Убавицата и ѕверот” со 174,8 милиони долари во 2017 година .
„Не можете да стигнете до ова ниво, без да им се обратите на сите оние кои кои без разлика дали се фанови на анимација, на суперхерои, на семеен филм, само сакаат да видат добар филм. Имаме филм за сите возрасти“, вели Кетлин Таф од „Волт Дизни студиос“ за „Неверојатните 2″, кој доаѓа 14 години по првиот дел.
Според „Дизни“, возрасните сочинуваат 31 процент од публиката, семејствата сочинуваат 57 отсто и тинејџерите 11 отсто.