Статуата на Кристијано Роналдо, која беше поставена лани на аеродромот Мадеира, и која предизвика многу потсмев во јавноста, конечно е заменета.
Аеродромот во Мадеира, што го носи името на најдобриот светски фудбалер, деновиве ја замени првичната бронзена статуа, дело на португалскиот вајар Емануел Сантош, со друга која може да се пофали со поголема сличност со португалската фудбалска ѕвезда.
Според медиумите, барањето за замена на бистата дошло од семејството на Роналдо, преку Музејот ЦР7, кој се наоѓа на португалскиот остров.
Но, промената не помина добро и во тек е петиција за враќање на старата скулптура.
„Бистата беше голема атракција за нашиот остров и ние не можеме да ја прифатиме замената“, стои во петицијата.
Лани во ноември, Кристијано Роналдо доби нова скулптура, во музејот на Реал Мадрид, што се наоѓа на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ , од познатиот шпански уметник Хосе Антонио Наваро Артеага.