ТРАВОЛТА СНИМИ НАЈЛОШ МАФИЈАШКИ ФИЛМ ВО ИСТОРИЈАТА, ЛОШИ КРИТИКИ ЗА „ГОТИ“

Њујорк, (Би-Би-Си)

Крими драмата „Готи“ со Џон Траволта како шефот на њујоршката мафија, Џон Готи, почна да игра во кината, а критичарите го нарекоа „најлош мафијашки филм на сите времиња“ и „тотален хаос“.

Во филмот, кој се работеше седум години, играат и: Ал Пачино, Линдзи Лохан, како и сопругата на Траволта, Кели Престон.

Режисер на филмот, кој го следи животот на Готи од неговите 30-ти години, неговото семејство, и водењето на мафијата сѐ до неговата смрт во затвор во 2002 година, е актерот Кевин Коноли.

Според „Холивуд рипортер“, филмот е „слабо напишан, без тензии и едноставно досаден“.

Говорејќи за филмот на годинашниот Кански филмски фестивал, Траволта рече дека филмот бил голем предизвик за работа.