МЕЈЗИ ВИЛИЈАМС ЗА ПРВПАТ ЌЕ ИГРА ВО ТЕАТАР

Лондон, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на „Игра на тронови“, Мејзи Вилијамс, есенва ќе го има своето театарско деби во Лондон.

Вилијамс, најпозната по улогата на Ајра Старк во ТВ-серијата, ќе глуми во претставата „Јас и ти како Керолајн“, за болен тинејџер кој со месеци не оди на училиште.

Претставата, работена според текстот на Лорен Гендерсон, најизведуваната американска авторка во САД за изминатава сезона, премиерно ќе се игра на 25 октомври во театарот „Хампстед“.

Вилијамс ( 21) ја игра Ајра Старк во „Игра на тронови“ од првата сезона, кога имаше 14 години.