Првиот проект на Гери Олдман откако во март доби Оскар за улогата во „Најтемниот час“, ненадејно, без помпа, беше објавен на „Нетфликс“.
Во филмот „ТАУ“ на режисерот Федерико Д’Алесандро играат и Маjка Монро и Ед Скрин.
И покрај талентираната екипа пред и зад камерата, трилерот кој потсетува на ТВ-серијата „Црно огледало“ без големи најави беше пуштен на „Нетфликс“, со минимална промоција пред премиерата.
Можеби, тоа е и поради квалитетот на филмот. Критичарот на „Гардијан“ му даде само една ѕвезда, оценувајќи ја глумата на Олдман како срамна.
Друга причина поради која „Нетфликс“ се одлучи за тивка промоција на филмот e што добива одлични критики откако ја пушти втората сезона од серијата „Глоу“