Индијана Џонс нема да се врати во кината пред 2021 година.
Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека планираниот петти дел од авантуристичката франшиза ќе биде објавен во јули 2021, место една година порано. Според првичните најави, „Индијана Џонс 5“ требаше да излезе наредната година.
Новото одложување се должи на проблеми со сценариото. Минатиот месец, на помош беше повикан Џонатан Касдан, кој беше косценарист на „Соло: Приказна од војна на ѕвездите“.
Стивен Спилберг ќе го режира новиот „Индијана Џонс“, а иако во 2021 ќе има 79 години, Харисон Форд уште еднаш ќе ја репризира насловната улога.
Пред „Индијана Џонс“, Спилберг има во план и неколку други филмови, вклучувајќи го римејкот на „Приказна од западната страна“, кој освои десет оскари во 1962 година.