Стрипот „Кај саатчијата“ на цртачот Фран Струкан и сценаристот Дарко Мацан од Хрватска е победникот на 15. Меѓународен стрип салон Велес 2017, што почна синоќа со врачување на наградите. На годинашниот конкурс стигнале 191 стрип од исто толку автори од цел свет меѓу кои и Бразил, Аргентина, Мексико.
Организаторот Стрип центар на Македонија смета дека е голем успех 60 се дела на македонски автори.
„Радува што масовно учествуваат на овој конкурс ликовните секции од школите во земјава, со нивни стрип изработки. Темите им се социјални – екологија, дружење, но добро е што ги има во голем број“, рече Ване Трајков, претседател на Стрип центар на Македонија.
Признанието „Љупчо Филипов“ за развој и афирмација на македонскиот стрип го доби штипјанецот Александар Стеванов. Стрип салонот трае три дена, кога гостите од Белград, Зоран Стефановиќ и Владомир Весовиќ ќе одржат стрип работилници.
П. ПЕЧКОВ
ЛЕГЕНДА: