„Фламенко игра“ на кубанската компанија Екос е насловен вечерашниот концерт на Охридско лето, од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во 1999 година, група искусни танчaри и музичари на фламенко музика ја создаваат компанијата Екос. Основана е во рамките на Танцувачкиот центар во Хавана, Националниот совет за сценски уметности и Министерството за култура на Куба.
„Членовите на Екос се танчари со неспорен талент и високо техничко ниво, кои се обучувани од најдобрите кубански педагози и кореографи и од најголемите фламенко имиња во светот. Со нивните шоу изведби настапувале низ цела Куба, во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и во Турција. Од 2009 година, основачите на Екос, примабалерината, кореограф и уметнички директор Ана Роса Менесес и музичарот, пејач и музички директор Мигел Чавес, започнуваат проект во кој прават спој на јоруба музиката, кантри музиката и на танцови елементи од популарната кубанска музика со разновидни фламенко жанрови“, најавува фестивалот.
Билетот чини 1.000 денари.