Британскиот актер Том Харди во две различни интервјуа за септемвриските броеви на британското и на американското издание на списанието „Ескваер“ изјави дека му е смачено од глумата и навести можност за пензионирање.
Четириесетгодишната ѕвезда на „Зачеток“„Повратник“, „Лудиот Макс“ и на серијата „Табу“ вели дека сака да најде плажа за себе и да продолжи со својот живот.
„Се чувствувам како да сум го искачил Монт Еверест. Чудо е што и да направите во близина на планината, а камоли да се искачите. Дали сакате да одите по целиот пат и да го направите тоа повторно? Или сакате да се симнете од планината и да одите на плажа? На оваа возраст, навистина мислам дека сѐ пробав, видов и направив. Ако сакате да сум брутално искрен, ќе ви кажам дека сакам да продолжам со мојот живот“, вели популарниот актер.
Тој смета дека нема потешка професија на светот од родителството и воспитувањето на децата. Харди го има седумгодишниот син со поранешната девојка Рејчел Спид, а во октомври 2015 година го доби вториот син со Шарлот Рајли.
„Работите во војска, полиција, здравство, услуги и секоја почит за тоа. Родителство – тоа е надвор од работа, нели?”, вели глумецот.
Изминатиов период Харди го снимаше филмот „Фонзо“, каде ја игра главната улога на Ал Капоне, чиј датум на премиера сѐ уште не објавен.