И БРУС ЛИ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ТАРАНТИНО

Лос Анџелес, (Индиваер)

Квентин Тарантино почна со снимањето на својот нов, деветти филм „Беше еднаш во Холивуд“, но сè уште ја комплетира и онака веќе импресивната актерска постава.

Најновиот додаток е американскиот актер и мајстор за боречки вештини Мајк Мо, кој ја доби улогата на Брус Ли.

Мо (35) досега глумеше главно во ТВ-серии и улогата на легендарниот Брус Ли несомнено му е врв во кариерата, особено што е негов голем фан и дури сними видео во негова чест.

„Тој беше голема инспирација за мене, но и за многу други низ светот. Ли ја надмина националноста и ни покажа колку е неверојатно да се биде дел од човечката раса“, вели Мо.

Бред Пит и Леонардо ДиКаприо се во главните улоги во филмот што ќе излезе наредното лето, но Тарантино ги ангажираше и Марго Роби (како Шерон Тејт), Ал Пачино, Барт Рејнолдс, Дакота Фенинг, Курт Расел, Лук Пери, Емил Хирш, Мајкл Медсен, Тим Рот…