ЕМИНЕМ НЕОЧЕКУВАНО НА ПОЛНОЌ ОБЈАВИ НОВ АЛБУМ

Њујорк, (Гардијан)

Еминем ги напаѓа Доналд Трамп, Харви Вајнстин и Греми наградите на својот нов албум, што без најава го објави на полноќ.

Насловен „Камиказа“, тој излезе само неколку месеци по неговиот последен албум „Преродба“.

„Обидете се да не размислувате премногу за албумот, уживајте“, напиша наградуваниот рапер на Твитер.

Иако трае само 45 минути, новиот, 10. по ред албум, продуциран од Доктор Дре и Еминем, содржи 13 песни. Во нив, тој ги критикува и новата генерација американски рапери, медиумите и потпретседателот Мајк Пенс. На албумот се наоѓа и песната „Веном“, која е вклучена во истоимениот филм со Том Харди.

До „Преродба“, Еминем немаше објавено албум цели пет години. Иако тој доби мешани критики, сепак стигна до првото место на топ-листите во САД и Велика Британија.