„Ситроен Ц3“ стигна до бројката од 400.000 продадени возила за неполни две години од лансирањето, вклучувајќи 160.000 од почетокот на годината, што овој модел го прави најпродаван на компанијата.
Промовиран во ноември 2016 година, третата генерација на ова повеќенаменско градско возило ужива голем успех и во првата половина од 2018 година бележи зголемување на продажбата за 12% во Европа, со што се вбројува во најдобрите пет во својот сегмент.
Ц3 значително придонесува за новата продажна офанзива на компанијата, па во првата половина од 2018 година, меѓународната продажба на „Ситроен“ е зголемена за 9%, со најголем удел во Европа за овие седум години.