Џон Ленон со легендарните очила и типичната фризура за 70-тите години на минатиот век, отсега е дел од американските поштенски марки.
Вдовицата на Ленон, Јоко Оно заедно со нивниот син Шон Ленон присуствуваа на промовирањето на марката во Централ парк во Њујорк, на кој се собраа и стотици обожаватели на „Битлс“.
На марката е поставена фотографија од Ленон од 1974 година, на покривот на неговиот апартман на Менхетен, фотографирана од Боб Груен.
„Сите сакаат да ги слушаат песните на Џон и многу сум горда на тоа“, рече Јоко Оно.