Вечерва во 20 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) ќе се отвори изложба со дела од графичката колекција на Музејот.
Графичката колекција на МСУ e најдоминантен сегмент во збирката на Музејот со над 2.000 отпечатоци изработени во различни графички техники. Поголем дел од графиките припаѓаат на меѓународната збирка на Музејот што е прогласена за културно наследство од особено значење.
„Изложбата ги опфаќа разновидните истражувања на уметниците и нивните индивидуални стремежи преку графичкиот ликовен израз, како и развојот на графичката уметност, преку делата на авторите кои ја одбележале историјата на ликовната сцена во 20-от век, како: Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Андре Масон, Бернард Бифе, Ники Де Санфал, Георг Базелиц, Зоран Мушич, Џаспер Џонс, Сол ЛеВит“, вели кураторот на изложбата Благоја Варошанец.