Викторија Бекам денес ја прослави 10-годишната кариера од нејзиниот моден бренд „Ви-Би“, со деби на Модната недела во Лондон.
Четирисет и четиригодишната дизајнерка, поранешна членка на групата „Спајс грлс“ го прослави јубилејот во друштво на целото семејство и модната елита: Дејвид Бекам и нивните четири деца: Бруклин, Ромео, Круз и Харпер, како и нејзините родители и сестра ѝ.
Викторија изгледаше весела и возбудена на крајот на ревијата, откако доби големи аплаузи и овации.
Во период од десет години, Викторија го разви својот бренд низ целиот, склучи договори со моќни светски брендови, а еволуираше и нејзинот стил, од строга класика до смели и живописни бои.
Викторија вели дека успехот на нејзината работа се должи на поддршката од нејзиното семејство и на неуморната работна етика.