„ЗВУЦИ НА КУЛТУРАТА“ ОД ДЕНЕСКА ДО НЕДЕЛА ВО ПАРКОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до недела, во паркот во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи фестивалот „Звуци на културата“. Покрај настапи на домашни пејачи и на играорни групи, в недела ќе се прикаже филмот „Исцелител“. Ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и настап на баскер артисти.

Направивме еден спој на младост и искуство, со програма за сите генерации. Културната манифестација ќе има и хуманитарен карактер, односно ќе собираме храна и облека, која ќе биде доделена на социјално загрозените граѓани во Општината. В сабота, од 10 до 16 часот, во Домот на културата ќе огранизираме крводарителска акција“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Звуците на културата“ денеска ќе бидат отворен со концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе, а во наредните денови ќе настапат и „Летечки пекинезери“, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, „Токсиколози“, Бени и Нон стоп, „Куку леле“, Тони Зен, „Ласт експедишн“, „Мугер фугер“, мјузиклот „Коштана“ и „ПМГ колектив“.