ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ БАРА 18 ДЕЦА НА АУДИЦИИ ЗА МЈУЗИКЛОТ „ЗЕМЈА ВО КОЈА НЕ СЕ СТИГНУВА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Театарот за деца и младинци организира три аудиции за потребите на првиот македонски мјузикл за деца, „Земја во која не се стигнува“.

Аудициите ќе се вршат во детскиот културен центар „Карпош“, утре од 17 до 20 часот, а на 22 и 23 септември од 12 до 17 часот. Заинтересираните таленти на возраст од 9 до 13 години, кои можат да глумат и да пеат, треба да се пријават на телефоните 02/3136-185 и 071/378-388.

„Земја во која не се стигнува” ќе се работи по текстот на Оливера Николова, музиката е на Александар Џамбазов, а во режија на Виолета Џолева.

„Во мјузиклот ќе играат и пеат 18 деца, кои ќе работат заедно со актерите од Театарот. Извонредната музика на Џамбазов, која е напишана уште пред 55 години, ќе биде обновена и прилагодена на денешните ритмови”, вели Џолева.