ШЕШИРОТ НА ИНДИЈАНА ЏОНС СЕ ПРОДАДЕ ЗА ПОЛА МИЛИОН ДОЛАРИ

Лондон, (АФП)

Препознатливиот шешир што Харисон Форд го носеше како Индијана Џонс се продаде за половина милион долари на аукцијата во Лондон, на која беа понудени предмети од познати филмови и серии од изминатите 40 години.

Сепак, ѕвездата на аукцијата на „Проп стор“, јакната која Хан Соло ја носеше во „Војна на ѕвездите: „Империјата го возварќа ударот“, која од старт беше проценета на 665.000 долари, не се продаде.

Организаторите рекоа дека по аукцијата имале неколку барања за јакната од научно-фантастичниот филм и се надеваат дека ќе ја продадат во следните неколку денови.

Повеќе од 600 костими и реквизити од популарни филмови и ТВ-серии се дел од аукцијата, од „Џејмс Бонд“, „Кум“, „Хари Потер“, „Бетмен“, „Ѕвездени патеки“ и „Томб рајдер“.