СВЕТЛОСНИТЕ ЕФЕКТИ ВРЗ „ИБНИ ПАЈКО“ АТРАКЦИЈА НА „БЕЛАТА НОЌ“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Светлосните ефекти проектирани на зградата „Дом Ибни Пајко“ беа главна атракција на манифестацијата „Бела ноќ“ во Скопје.

На 14. издание на настанот, новитет во програмата е меѓународниот фестивал на светлосна уметност, „Скопје лајт арт дистрикт“, кој од вечерва ќе трае до 9 октомври, под мотото „Следи ја патеката“.

„Бела ноќ“ ја организира Младинскиот културен центар (МКЦ) со поддршка од Град Скопје, а вечерва почна со настапот на Градскиот дувачки оркестар на плоштадот „Јадран“.

На повеќе локации низ градот има изложби, концерти, театарски претстави, инсталации, кинопроекции и поетски читања, а во фокусот годинава се македонските уметници.

Фото: К. ПОПОВ