БРЕДЛИ КУПЕР СЕ ВРАЌА НА ГЛАСТОНБЕРИ, НО КАКО ПЕЈАЧ

Лондон, (Скај)

Актерот и режисер Бредли Купер навести дека ќе настапи на фестивалот Гластонбери следната година, откако лани, ненадејно се појави на сцена додека го снимаше филмот „Ѕвезда е родена“.

Купер, кој ја воодушеви публиката кога се качи на познатата сцена Пирамида, вели дека би сакал повторно да настапи на фестивалот, но лично тој, а не како филмски лик. Тој го режираше филмот и го игра пејачот и текстописец Џексон Мејн, покрај Леди Гага.

Холивудскиот глумец кажа дека разговарал со организаторите на фестивалот за можноста да се врати да свири, но на помалата сцена Парк.

„Најверојатно, ќе отсвирам шест песни“, рече тој.

Тој, исто така, откри дека музичари како Ноел Галагер, Еди Ведер и Том Веитс му дале совети како да го игра својот лик.

„Поминав доста време со поранешниот пејач на ‘Оејзис‘, го гледав како свири и му поставив илјадници прашања“, додаде Купер.