ЌЕРКАТА НА КЕЈТ МОС СТАНА ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА МАРК ЏЕЈКОБС НА 16 ГОДИНИ

Лондон, (Дејли мејл)

Ќерката на супермоделот Кејт Мос, Лајла, го потпиша првиот голем манекенски договор, станувајќи заштитно лице на „Марк Џејкобс бјути“, само неколку дена откако го прослави 16. роденден. Се проценува дека таа ќе биде милионер пред да наполни 18.

Тргнува по нејзини стапки. – Кејт Мос со ќерка ѝ Лајла (лево)

Лајла, која Кејт Мос ја доби во врската со уредникот на магазин Џеферсон Хек, главно беше далеку од очите на јавноста додека беше помала, но последниве години почна да се пробива во светот на модата. Таа се појави со мајка ѝ на насловната страница на „Вог“ кога имаше само 13 години.

Лајла е дел од агенцијата на Кејт Мос и го зеде нејзиното презиме.

„Мислам дека кариерата на Лајла ќе добие замав како онаа на ќерката на Синди Крафорд. Се шпекулира дека Каја заработува 360.000 фунти годишно, но Лајла бргу ќе ги достигне овие суми, благодарение на оваа кампања за Марк Џејкобс. Само небото ѝ е граница и предвидувам дека ќе заработува половина милион фунти годишно. Не е лошо за 16-годишничка“, вели Миша Џослин, кој води влијателна маркетиншка агенција.