ЖАН-МАРК ВАЛЕ ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ЏОН ЛЕНОН И ЈОКО ОНО

Лос Анџелес, (Вараети)
Mandatory Credit: Photo by GEORGE KONIG/REX/Shutterstock (104803b) JOHN LENNON AND YOKO ONO AT TITTENHURST PARK, THEIR RESIDENCE BETWEEN 11/08/69 AND 30/08/71 IN SUNNINGDALE, NR ASCOT BERKSHIRE John Lennon and Yoko Ono at their home at Tittenhurst Park, Britain - 1970

По успешните ТВ-серии „Мали големи лаги“ и „Остри предмети“, режисерот Жан-Марк Вале се враќа на големото платно и неговиот следен филмски проект ќе биде љубовната приказна на Џон Ленон и Јоко Оно.

Студиото „Јуниверзал“ објави дека преговара да го откупи сценариото на Ентони Мекартен, кој го напиша новиот биографски филм за „Квин“, „Боемска рапсодија“, како и големите хитови „Најтемниот час“ и „Теоријата за сè“, кои им донесоа Оскар на Гери Олдман (како Винстон Черчил) и на Еди Редмејн (Стивен Хокинг).

Ленон и Оно се запознаа во Лондон во 1966 година, кога „Битлс“ веќе беше еден од најголемите бендови на светот. Тие се венчаа три години подоцна во Гибралтар, а по распадот на „Битлс“ станаа жестоки мировни активисти. По убиството на Ленон во 1980 година, таа остана чувар на неговите музика и наследство.

Бидејќи Оно ќе биде еден од продуцентите на филмот, тоа ќе овозможи послободно користење на музичкиот каталог на Ленон.