ХОЛАНДИЈА ГО ДОБИВА ПРВИОТ МОСТ НАПРАВЕН СО 3-Д ПЕЧАТЕЊЕ

Амстердам, (Дезин)

Холандската компанија МХ3Д го заврши 3-Д печатењето на челичен мост, кој следната година ќе биде поставен во канал во Амстердам.

Дизајнерот Јорис Ларман работел со роботизирана технологија за да се изгради мостот долг 12 метри, кој е изложен на Холандската недела на дизајн (20-28 октомври).

Амбициозниот проект поминал низ неколку развојни измени, почнувајќи од 2015 година, со цел зајакнување на структурата заради заштита од можни судири со чамци.

Се очекува мостот да биде инсталиран во популарната Зона на црвените фенери, откако ќе заврши реновирањето на каналот, не подоцна од средината на 2019 година.