ЛЕБ И ПУТЕР СО ЛИШАЈ – АВСТРИСКА ДИЗАЈНЕРКА ВЕЛИ ДЕКА ЛИШАИТЕ СЕ ХРАНА НА ИДНИНАТА

Виена, (Дезин)

Дизајнерката Јулија Шварц, тазе дипломирана студентка на Универзитетот за применета уметност во Виена, развила прехрамбени продукти од повеќе видови лишаи, кои растат на растенија, камења и на кора на дрвја.

Шварц низ истражувањето открила дека состојката била користена низ историјата како извор на храна, а има и медицински бенефити

Таа ги претстави производите како леб, путер, песто, паста, сенф и корнфлекс на неодамнешната Недела на дизајн во Виена.

Според неа, лишаите можат да бидат извор на исхрана при потенцијален недостиг на храна, бидејќи брзо растат, дури и во груби клими и средини.

„По алгите и инсектите, кои веќе добиваат големо внимание, лишаите стануваат нов потенцијален извор на храна на иднината, бидејќи можат да бидат зачувани како суперхрана“, изјави Шварц.

Постојат најмалку 20.000 различни видови лишаи, кои зафаќаат шест проценти од површината на Земјата. Тие се едни од најстарите живи организми на планетата, способни да преживеат на секаква површина и во секакви екстремни услови.

Шварц низ истражувањето открила дека состојката била користена низ историјата како извор на храна, а има и медицински бенефити.

„Лишаите често се мешаат со мов. Но, има огромна разлика. Додека мовта има нула хранлива вредност, лишајот има супермоќи. Дури е поефикасен од лек“, вели таа.