„Г70“ НА „ЏЕНЕЗИС“ ЌЕ ЈА ИМА ПРВАТА 3-Д ТАБЛА НА СВЕТОТ

Сеул, (Мотор1)

Јужнокорејската автокомпанија „Џенезис“ ја претстави првата 3-Д дигитална инструментална табла на светот, која премиерно ќе биде вградена во нејзиниот седан „Г70“, што ќе излезе наредната година.

Екранот има големина од 31 сантиметар и користи камери за да го следи движењето на очите на возачот. Стереоскопијата му дава на возачот илузија на длабочина, без притоа да има потреба од повеќе екрани или 3-Д очила.

„Г70“ треба да излезе наредната година

Купувачите ќе можат да изберат помеѓу три различни теми на таблата и по потреба, да се префрлат на стандардната 2-Д верзија.

„Г70“ се базира врз пократката верзија на платформата на „киа стинџер“, а ги користи и неговите мотори.