ЕЈВА ДУВЕРНЕЈ ЌЕ СНИМА ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ПРИНС

Лос Анџелес, (Гардијан)

Ејва ДуВернеј ќе снима документарен филм за починатата фанк легенда Принс, што ќе биде продуциран од „Нетфликс“.

Филмот ќе се состои од повеќе делови и ќе ги опфати сите фази од животот и кариерата на Принс и компанијата која управува со неговото наследство ќе ѝ даде на Дувернеј целосен пристап до архивата.

„Принс беше гениј, радост за сите сетила. Никој не беше како него. Тој ги помести сите граници и преку музиката го сподели сето она што го носеше во срцето. Овој филм може да се направи само со голема љубов и почестена сум што ми беше дадена оваа можност“, изјави 46-годишната режисерка, која беше номинирана за Оскар за документарниот филм „Тринаесеттиот“.

ДуВернеј ја почна режисерската кариера во музичките документарци, снимајќи два филма за хип хоп сцената.