РОНАЛДО ГО ПЛАТИ ЛЕКУВАЊЕТО НА 370 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРИТЕ ВО ПОРТУГАЛИЈА

Лисабон, (Мирор)

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо ги плати сметките за болничко лекување на повредените во пожарите кои што во јуни ја зафатија Португалија.

Сестра на фудбалерот на Реал Мадрид на својот Фејсбук профил објави дека Ронално го платил болничкото лекување за 370 лица повредени во пожарите.

Роналдо, кој потекнува од Мадеира, еден од градовите кои што летово беа зафатени со пожари во кои што загинаа над 40 лица, тогаш изрази сочуство до семејствата на загинатите.

„Невозможно е да останете индиферентен на оваа голема трагедија. Сочуство до сите пријатели и роднини на загинатите. Честитки до пожарникарите кои ги жртвуваа своите животи за да им помогнат на луѓето“, напиша тогаш Роналдо на Фејсбук.