Македонскиот филм „Еј!“ oд денеска игра во скопските кина Милениум и Синеплекс. „Еј!“ е политичка сатира, снимен во периодот од 24 декември 2008 до 3 февруари 2009 година.
„На една ноќна забава, група пријатели имаат спиритуална сеанса. На шега се обидуваат да стапат во контакт со духот на Александар Велики, но место него, меѓу нив се материјализира вистинскиот премиер на Македонија. Набрзо, низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот шеф на Владата. Светските медиуми пренесуваат дека исчезнал од спалната соба, додека спиел до сопругата“, е дел од содржината.
Играат: Оливер Митковски, Николина Кујача, Кирил Коруновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Софија Насевска, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Гораст Цветковски, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Соња Стамболџиоска, Славиша Кајевски, Јелена Галевска и Кирил Поп Христов.
Во Синеплекс од денеска, а во Милениум од сабота ќе игра крими-трилерот на оскаровецот Стив Меквин, „Вдовици“.
„’Вдовици’ е приказна за четири жени кои немаат ништо заедничко, освен долгови оставени од криминални активности на нивните покојни мажи“, најавува дистрибутерот.
Играат Вајола Дејвис, Мишел Родригез, Елизабет Дебицки, Лијам Нисон, Колин Фарел и Роберт Дувал.
Во Синеплекс игра и анимираната семејна комедија „Гринч“.