ПРАГА ДОБИ ПАБ СО РОБОТ-ШАНКЕР

Прага, (Ројтерс)

Пабот „Сајбердог“ во Прага доби робот-шанкер кој подготвува пијалоци кои се нарачани преку апликација од телефон. Објектот кој помалку наликува на вселенска станица беше отворен деновие, има две нивоа и 40 седишта.

Откако муштерите ќе ја направат нивната нарачка, црвена роботска рака одбира едно од седумте вина од понудата. Го отвора шишето и сипува во четири чаши истовремено.

Роботската рака го отвора шишето и сипува во четири чаши истовремено (Фото: Ројтерс)

Потоа ги поставува чашите на послужавник кој патува по линија високо поставена до масата на гостите и се спушта до нив за да можат да ги земат.

Барот, дизајниран од уметникот Дејви Сирни и архитектот Томас Цисар исто така служи и храна, која е слична со режимот на исхрана на астронаутите. Храната засега, ја подготвуваат луѓе.