НАЈМОЌНИОТ ПАСОШ НА СВЕТОТ ГО ИМААТ ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

Њујорк, (Гардијан)

Обединетите Арапски Емирати го имаат најмоќниот пасош на светот и оваа држава го замени Сингапур на врвот на листата.

Негови државјани можат без виза да патуваат во 167 држави, додека второто место го делат Сингапур и Германија, со чиј пасош слободно се влегува во 166 земји.

На третото место се наоѓаат 11 држави со подеднакво моќен пасош, и тоа САД, Данска, Шведска, Финска, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Норвешка, Луксембург и Јужна Кореја.

На дното на листата е Афганистан, на чии жители не им треба виза за само 29 држави, а нешто подобри се Ирак, Пакистан, Сирија, Сомалија и Јемен (40).

„Ова достигнување е вистински одраз на наследството на шеикот Зајед, основачот на ОАЕ. Ова исто така е потврда колку може да се постигне преку позитивната дипломатија“, соопшти Министерството за надворешни работи.