АЦЕВСКА И КУЗМАНОВСКИ ИЗЛОЖУВААТ СОВРЕМЕН НАКИТ ВО ВИЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 18 часот, во галеријата „Вива“ во Виена ќе се отвори изложбата на современ накит „Differences“ на македонските автори Јана Ацевска и Глигор Кузмановски, заедно со Симеон Шомов од Бугарија.

Брош на Глигор Кузмановски

Изложбата е спој на тројца дизајнери на современ накит од две соседни земји, кои творат и експериментираат со различни материјали.

Ѓерданот „Птица“ од Симеон Шомов

„Звучи хаотично! Да, но и одлична комбинација во исто време. Три посебни света, сплотени во еден простор со нивниот уникатен израз. Дали различностите треба да ги разделат луѓето? Секое парче накит е засебен експеримент, кое ја раскажува својата приказна и нѐ води на посебно доживување“, велат авторите.