ГУДАЧКИОТ ОКТЕТ ФОРМИРАН ОД ДРИТОН ГАЏА СО КОНЦЕРТОТ „СУВЕНИР ОД ФИРЕНЦА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот „Сувенир од Фиренца“. Станува збор за концерт на гудачки октет формиран специјално за овој настап од истакнатиот македонски виолист Дритон Гаџа, кој живее и кариерата ја гради во Германија и Австрија.

Во октетот се музичари од Европа и Македонија со импресивна кариера зад себе: Лиса Јакобс (Холандија), Хед Јарон Мејерсон (Холандија), Владимир Костов и Мартин Димитров на виолина, Дритон Гаџа и Нора Романоф Шварцберг (САД/Австрија) на виола, како и Иван Туркаљ (Германија) и Франческо Мариози (Италија) на виолончело.

Ќе бидат изведени делата „Сувенир од Фиренца“ оп. 70 од Петар Илич Чајковски и Гудачки октет оп. 20 во Ес-дур од Феликс Менделсон.