Големите ривали „Самсунг“ и „Хуавеи“ речиси во исто време ги претставија своите нови смартфони, кои на екранот имаат дупче за камерата за селфи.
И „самсунг А8“ и „хуавеи онор вју20“ содржат мал кружен простор за оваа компонента и ваквиот дизајн треба да биде помалку иритирачки од „изрезот“, што го популаризираа „Епл“ и голем број производители на Андроид смартфони.
И двете компании тврдат дека први ја лансирале оваа иновација, но „Хуавеи“ малку го претрка својот голем корејски ривал, одржувајќи промоција во Хонг Конг неколку часа порано. Сепак, „Самсунг“ беше тој кој даде мало навестување на овој дизајн минатиот месец.
„Самсунг“ беше водечкиот светски производител на смартфони за периодот јули-септември, кога продал 72,2 милиони телефони. „Хуавеи“ бил втор, со 52 милиони продадени единици за истиот период.
Од „Хуавеи“ тврдат дека главната задна камера на „онор вју20“ е исто така прва од тој тип во светот. Таа нуди резолуција од 48 мегапиксели и прва ќе користи сензор за кропирање фотографии што „Сони“ го најави во јули.