НЕ БОЈКОТИРАЈТЕ, ПРЕДАДЕТЕ СЕ НА СМЕА И МУЗИКА – ШТАБОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ ЈА НАЈАВИ 22. ЗЛАТНА БУБАМАРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дваесет и второто издание на Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 21 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Организаторот, годинава наречен Штаб за помилување, гушкање и добра забава на Радио Бубамара, во неговиот препознатлив стил го објави слоганот за претстојното издание, кој гласи:

„ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!!! Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава, доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на Златна бубамара на популарноста.

Време е – ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ! – на музика, смеа и работа. Откако се оддадовме на лажење, крадење и неверства, ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта. Како народ што си го бара своето, ќе ве чекаме со камшик и шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници. Ве молиме, немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате, за сите вас има по едно седиште“.