ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКИОТ ПЕРФОРМАНС „ЈАС СУМ АКТЕР ЧОВЕК“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Јас сум актер човек“, во режија на Теа Беговска, премиерно ќе се изведе вечерва во 20 часот во Галеријата Колектив во Скопје.

Играат Никола Кузелов, Надица Петрова, Елизабета Стефановска и Даријан Петров. Автор на музиката е Енес Беговски.

„Ова е театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, љубовта, за тоа колку се сакаме себеси, колку го сакам другиот во мене. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сè она што се плашиме да го изговориме наглас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе“, вели режисерката.

Репризата е на 24 декември во 21 часот.