Претставници на рок групата „Нирвана“ го тужат модниот дизајнер Марк Џејкобс поради користење на нивното препознатливо лого со смајли во неговите последни колекција и кампања.
„Нирвана“, која го заштити нивниот симбол во 1992 година, две години пред смртта на фронтменот Курт Кобејн, го тужи модниот бренд за прекршување на авторските права, што, како што е опишано во соопштението, е „измамничко и злонамерно“.
Логото дизајнирано од Кобејн се појави на три предмети од колекцијата на Џејкобс, маица, џемпер и чорапи и „Нирвана“ бара парична отштета.
Ова не е првпат креаторот да е вовлечен во контроверзи кога станува збор за присвојување на светски познати етикети. Во 2015 година, „Адидас“ поднесе тужба против модната марка за „производство на збунувачки имитации со три ленти“.