МАКЕДОНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ ЕФЕКТИ „ФХ3Х“ СО „ОДМАЗДНИЦИ 3“ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ОСКАРИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Академијата за филмска уметност и наука во вторникот ги објави номинациите за годинашните Оскари и меѓу нив се најде и еден филм на кој работеше македонската компанија за анимација и визуелни ефекти „ФХ3Х“.

Екипата од Скопје учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на „Одмаздници: војна на бесконечноста“, кој ја доби единствената номинација за Оскар токму во оваа категорија. На еден од најуспешните филмови за 2018 ќе му конкурираат „Кристофер Робин“, „Првиот човек на Месечината“, „Играч број еден“ и „Соло: приказна за војна на ѕвездите“.

Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари.

Компанијата објави дека во текот на 2018 реализираше 20 проекти, од кои 16 во филмска и четири во телевизиска продукција. Меѓу нив се „Блек Пантер“, „Томб рајдер“, „Дедпул 2“, „Светот на Јура: паднато кралство“, „Невозможна мисија: последици“, „Предатор“, „Веном“, „Крид 2“, „Аквамен“, „Кутија за птици“ и „Игра на тронови“.