САЛВАДОР ДАЛИ ЌЕ ОЖИВЕЕ ВО МУЗЕЈ ВО ФЛОРИДА

Мајами, (Артдејли)

Уметникот Салвадор Дали лично ќе ги пречекува посетителите во музејот Дали во Флорида и дури ќе говори за инспирациите за своите ремек-дела.

Музејот соопшти дека ќе ја одбележи 30-годишнината од смртта на славниот надреален уметник со ретка изложба „Дали живее“, при што ќе се користи технологијата на вештачка интелигенција. Изложбата ексклузивно ќе биде претставена во април.

Dali Lives – The Master of Surrealism is Back

Музејот собрал стотици интервјуа и цитати и голем архивски материјал од Дали, со помош на кои алгоритам со вештачка интелигенција ќе ги „научи“ гримасите на лицето на Дали.

„Дали беше пророк на многу начини и го разбираше своето историско значење. Тој напишал: ако некој ден умрам, иако не верувам, се надевам дека луѓето ќе речат ‘Дали почина, но не целосно’. Оваа технологија ќе им овозможи на посетителите искуство поголемо од животот“, вели Хенк Хајн, директор на музејот.